Table of Contents
Антонела, сопругата на Лајонел Меси, е спој на убавина, интелигенција и посветеност на семејството
Антонела Рокуцо, сопругата на Лајонел Меси, често е опишувана како една од најобразованите и најубавите жени во светот на спортот. Таа пораснала во Росарио, третиот по големина град во Аргентина, во истото маало каде што пораснал и Лајонел Меси. Нивната приказна е повеќе од обична љубовна бајка – тоа е приказна за пријателство, љубов што трае со децении и меѓусебна поддршка.
Антонела и Меси се познавале уште од детството, а нивните патишта првпат се вкрстиле преку пријателот на Меси – Лукас Скалија, кој воедно бил и братучед на Антонела и играл со Меси во младинскиот тим на Њуелс Олд Бојс. Уште од самиот почеток биле блиски пријатели, а љубовта се развивала природно, чекор по чекор, додека растеле заедно во родниот град.
Љубов што трае со децении
Тие првпат се појавиле во јавност во 2009 година, по натпреварот Барселона – Еспањол, кога заедно заминале на фестивал во Сиџес. Години подоцна, во интервјуа откриле дека нивните чувства растеле бавно, врз темелите на пријателството и меѓусебната почит.
Во 2017 година, Лајонел Меси и Антонела Рокуцо се венчале на раскошна церемонија во Росарио, која медиумите ја нарекоа „аргентинска свадба на векот“. Меѓу гостите имало и светски познати личности, вклучувајќи ги Шакира и Жерар Пике, поранешен соиграч на Меси. Денес, парот има три сина: Тијаго (роден 2012), Матео (2015) и Чиро (2018). Сите тројца очигледно ја наследиле страста за фудбалот на татко им, а најстариот, Тијаго, веќе тренира во младинскиот тим на Интер Мајами.
Антонела Рокуцо – образована, успешна и посветена жена
Антонела не е само сопруга на фудбалска легенда – таа е и исклучително образована жена. По завршувањето на основните студии по хуманистички и општествените науки, донела одлука да ги продолжи постдипломските студии во областа на стоматологијата и станала магистер по стоматологија.
Иако дел од своите академски амбиции ги ставила во втор план за да биде покрај Меси, Антонела успеала да го спои професионалниот живот со семејството. Од Аргентина се преселила во Барселона, каде што била покрај Лајонел за време на неговите спортски успеси, но истовремено ја градела и сопствената кариера.
Поврзани објави
Манекенка, инфлуенсерка и љубителка на фитнесот
Антонела е и позната манекенка која има соработувано со бројни светски модни брендови, а на Инстаграм има импресивни 40,1 милион следбеници. Нејзината популарност не се темели само на убавината, туку и на нејзиниот дисциплиниран начин на живот, љубовта кон фитнесот и здравите навики, што често ги споделува и преку фотографии од вежбалница заедно со Лајонел. Нејзината дисциплина и посветеност кон семејството, децата и кариерата ја прават пример за жена која успешно балансира меѓу личните амбиции и улогата на сопруга и мајка.
Гордост и поддршка за време на успесите на Меси
Кога Лајонел Меси ја предводел Аргентина до победа на Светското првенство во фудбал 2022 година во Катар, Антонела била покрај него и го бодрела од трибините. По драматичниот натпревар против Франција, кој заврши 3:3, а потоа со победа на Аргентина од 4:2 по пеналите, Антонела му испратила емотивна порака на својот сопруг, во која ја истакнала неговата истрајност, труд и инспиративната борба до самиот крај. За Антонела, успехот на Меси не е само спортска победа – туку доказ за нивната заедничка сила, љубов и поддршка низ сите животни предизвици.
Совршен спој на убавина, интелигенција и љубов
Антонела денес е многу повеќе од „сопруга на фудбалска легенда“ – таа е симбол на модерна жена која успешно балансира меѓу семејството, кариерата и јавниот живот. Нејзината приказна покажува дека е можно да се има хармонична комбинација од образование, лична дисциплина, љубов и семејство, и дека вистинската поддршка може да ги претвори и најголемите животни соништа во реалност.
ФОТО: Инстаграм