Почетна Убавина и здравје„Ме изневери со најдобриот другар во тоалет“ – На актерот девојката му заби нож во грб, му испратиле и снимка од жешката акција

„Ме изневери со најдобриот другар во тоалет“ – На актерот девојката му заби нож во грб, му испратиле и снимка од жешката акција

од nenad
1 минути читај за

Актерот Раде Ќосиќ во една телевизиска емисија во живо откри дека побарал стручна помош од психијатар поради тешки љубовни проблеми низ кои поминал на млада возраст.

Тој искрено раскажа дека девојката со која бил во врска го изневерила со неговиот најдобар другар, нешто со кое во тој момент не знаел како да се справи.

Поврзани објави

– Одев кај психијатар кога една девојка раскина со мене. Тогаш ми помогнаа, но бев многу млад и неискусен, имав само 21 година. Мислев дека кога еднаш ќе се заљубиш, тоа е за цел живот. А потоа се испостави дека таа завршила со мојот најдобар другар во тоалет, додека јас бев таму. Дури и слушнав што се случува, а подоцна ми испратија и снимка, но тоа веќе и не е важно – изјави Раде, па продолжи:

– На крајот преку мејл видов што сè правеле. Случајно дознав, бидејќи од мојот компјутер влегла во својот мејл. Во суштина, најважно е што раскинавме. Не е проблемот ни во неа, ни во мене, туку во тој дечко – каков човек е тој – рече актерот со насмевка.

Искреното признание на Раде Ќосиќ предизвика големо внимание кај јавноста, а многумина го пофалија за храброста јавно да проговори за емотивната болка и важноста на менталното здравје.