Table of Contents
Дали твојата новогодишна одлука за 2026 година е да бидеш среќна во љубовта? Искрено – тоа не е одлука, туку трајна состојба кон која сите се стремиме.
Како да стигнеме до врска, брак или едноставно пријатни вечерни дружења, не е секогаш лесно да се знае. Но какви „алатки“ ќе користиме на патот кон љубовта, најдобро прогнозираат најпопуларните апликации за запознавање – Tinder, Bumble и OkCupid.
Ви ги претставуваме трендовите за состаноци во 2026 година според овие платформи.
Запознавањата знаат да бидат стресни – можеби и повеќе за жените. Понекогаш лизгањето низ апликациите изгледа како второ работно место, каде што мораме истовремено да бидеме детективи, терапевти и видовити. Токму затоа е важно да се фатиме во костец со новите трендови во дејтањето.
Апликациите Bumble, Tinder и OkCupid спроведоа анкети и го анализираа нашето однесување на состаноци – и од тоа извлекоа јасни трендови за 2026 година.
Излегуваме на состаноци „заради приказната“
Новата година започна под мотото „dating for the plot“, односно – излегување заради приказната, а не нужно заради среќен крај. Повеќе не размислуваме опсесивно за „совршениот состанок“, туку секое запознавање го гледаме како дел од една поголема приказна.
Ти си хероината во сопствената приказна, главниот лик во филмот на твојот живот – а среќниот крај е всушност најздодевниот дел од филмот.
На Tinder, спомнувањето на „dating for the plot“ е зголемено дури 5,5 пати, со описи како: „Сè што правам е за приказната – ајде да напишеме некоја.“ И нам ни се допаѓа оваа филозофија! Повеќе не се водиме од конвенции и однапред зададени цели – сега фокусот сме ние самите.
Емоционалната интимност станува поважна од сексот
Иако повеќе не се срамиме од сексуалноста и желбите, длабоката емотивна поврзаност станува сè поважна кога станува збор за врски. Според истражувањето на Bumble, 38 проценти од самците велат дека емотивната интимност им е поважна од сексот.
Ова е особено значајно ако се земе предвид дека апликациите за запознавање сè уште често имаат репутација дека служат „само за една работа“. Ако бараш нешто повеќе – 2026 година е голема шанса да најдеш истомисленик токму преку апликација за дејтање.
Поврзани објави
Не губиме време – дејтот го вклопуваме во секојдневието
Времето е нашата највредна валута и повеќе не сакаме да го трошиме на лоши состаноци. Според истражување на Tinder, 51 процент од младите самци сакаат состаноците да ги вклопат во секојдневната рутина.
Како изгледа тоа во пракса? Состанок во трговски центар, на пример. Треба да купиш намирници, а сакаш и да запознаеш некого? Спои ги двете работи. Впрочем, добар начин да дознаеш нешто за некого е да видиш каква храна купува. А ако тој јаде Нутела со путер, а ти си љубителка на здрава исхрана – барем не си го изгубила времето, бидејќи купувањето сепак било на планот.
Менталното здравје е поважно од кога било
Во 2026 година, најпривлечно ни е да покажеме ранливост, нежност и емоции. Во анкетата на OkCupid, дури 9 од 10 самци изјавиле дека се чувствителни – и таа искреност се исплатила.
Конкретно, мажите кои наведуваат дека се емотивно сензибилни добиваат 107 проценти повеќе лајкови и водат значително повеќе разговори од оние што не го истакнуваат тоа. Исто така, веќе не сакаме постојано да трчаме по самоподобрување. Време е да бидеме задоволни со себе – само така можеме да влеземе во вистинска љубов.
Збогум на строгите животни рокови
Брак на 28 години, прво дете на 30, па веднаш второ? Во 2026 година – тоа е out. Според истражување на Bumble, 33 проценти од жените повеќе не сакаат да се придржуваат до традиционалниот „распоред“ во врските.
Фокусот сега е на пронаоѓање сопствен ритам и место во општеството каде што се чувствуваме удобно, без притисок и наметнати очекувања.
Статусните симболи се out, балансот меѓу работа и приватен живот е IN
Овој тренд не се промени од минатата година: фалењето со прекувремена работа е OUT, а здравата рамнотежа меѓу работата и приватниот живот е IN.
Нашиот однос кон работата драстично се промени, особено по пандемијата. Денес веќе не ни се најважни статусни симболи како висока плата или „fancy“ канцеларија. Многу поважно е партнерот да знае да постави граници на работа – бидејќи тоа често значи дека знае да ги поставува и во личните односи.
Поставувањето граници е еден од најважните трендови во 2026 година. Треба да научиме да кажеме „не“ и јасно да ги искажеме нашите граници – без разлика дали станува збор за емоции, ментално здравје или финансии.