Почетна Убавина и здравјеГУСТ ЧАД СЕ ИЗВИВА НАД ГРАДОТ, ПОЖАРНИКАРИ НА ТЕРЕН (ВИДЕО) – Убавина и здравје

ГУСТ ЧАД СЕ ИЗВИВА НАД ГРАДОТ, ПОЖАРНИКАРИ НА ТЕРЕН (ВИДЕО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Очевидци велат дека огнот брзо се проширил, додека сирените на противпожарните возила одекнувале низ околината

Голем пожар изби денес во близина на Тутунскиот комбинат, предизвикувајќи вознемиреност кај граѓаните и создавајќи густ облак од црн чад што се издигнува над поширокото подрачје.

На самото место веднаш интервенираа повеќе пожарникарски екипи, кои со часови се обидуваат да го стават огнот под контрола. Според првичните информации, пламените јазици зафатиле објект и материјали во кругот на комбинатот, а чадот е видлив од повеќе делови на градот.

Очевидци велат дека огнот брзо се проширил, додека сирените на противпожарните возила одекнувале низ околината. Засега нема официјални информации за повредени лица, но надлежните апелираат граѓаните да не се приближуваат до местото на настанот поради ризик од вдишување чад.

Поврзани објави

Причините за избувнувањето на пожарот сè уште не се познати. Очекува се во текот на денот надлежните служби да излезат со повеќе детали за настанот и евентуалната материјална штета.

Во продолжение погледнете видео од самото место, кое ја покажува драматичната борба на пожарникарите со огнената стихија.

ТЕКСТ И ВИДЕО: УБАВИНА И ЗДРАВЈЕ