Главниот акцент оваа година ќе биде на лежерноста
Кога станува збор за шминката, оваа година акцентот е на усните. Мејкап-експертите велат дека ова е совршениот спој на елеганција и лежерност, а освен тоа, изгледа многу шик.
Овој тренд прво бил забележан на париските улици. Според новите правила, совршено дефинираните контури и острите рабови што ги исцртуваме со моливче заминуваат во минатото. Сега линиите се помеки, речиси и да не постојат. Како да сте заборавиле да го поправите карминот.
Поврзани објави
Полека, но сигурно, ваквиот начин на шминкање на усните станува апсолутен хит. Вам ви преостанува само да ја одберете омилената нијанса. Што се однесува до бојата, оваа година нема граници. Сите нијанси доаѓаат предвид, но експертите нагласуваат дека оваа техника изгледа најдобро доколку одберете некоја црвенкава нота.
ФОТО: Fabian Albert / Unsplash, ИНСТАГРАМ