Table of Contents
Доколку сакате долга и густа коса, а влакната ви се кршат и никако не успевате да ја постигнете таа цел – не грижете се. Постојат едноставни правила кои можат да помогнат косата да расте побрзо, да биде здрава и сјајна
Важно е да бидете истрајни и внимателно да ги следите сите чекори. Ова не е процес што дава резултати преку ноќ, но на подолг рок носи одлични резултати. Најдоброто од сè е што за поттикнување на растот на косата нема да ви бидат потребни скапи шампони, масла и витамини.
Просечната брзина на растењето на косата изнесува околу 1 до 1,5 сантиметар месечно и тоа е биолошка рамка што не може драстично да се „прескокне“.
Кога ќе забележите дека косата изгледа како да расте побрзо од тоа, најчесто не станува збор за забрзан раст, туку за помало кршење, подолга фаза на активен раст и поздрав скалп кој подобро ги снабдува фоликулите. Затоа целта не треба да биде форсирање на растот, туку отстранување на факторите што го забавуваат – иритации на скалпот, нутритивни дефицити, стрес и лоша нега. Кога овие „кочници“ ќе се отстранат, косата расте онолку брзо колку што ѝ дозволува генетиката, но без губење на должината.
Овие правила ќе ви помогнат во тоа:
1. Јадете храна богата со протеини
Протеините се клучни за создавање кератин и колаген, кои се основни состојки на фоликулите на влакното. Намирници како месо, риба, млеко, јајца и јогурт обезбедуваат доволни количини протеини за здрав и побрз раст на косата.
2. Масажа на скалпот и четкање на косата
Масажата на скалпот ја зголемува циркулацијата на крвта во кожата на главата, што го поттикнува растот на косата. Масирајте го скалпот со лесни притисоци од пет до десет минути додека ја миете косата или кога е сува. Силиконските масажери се одличен избор во овој случај. Освен што го забрзува растот, масажата делува и релаксирачки.
Поврзани објави
3. Нанесување етерични масла на скалпот
Скалпот можете да го масирате за време на самото миење на косата, но и пред миење, со некое етерично масло. Маслото од рузмарин или лаванда може да ги обнови оштетените влакна и да го стимулира нивниот раст. Совет од фризерите е маслото секогаш да го разредувате со базно масло, како што е кокосовото.
4. Регенераторот никако не го нанесувајте на скалпот
Регенераторите, како и маските за коса, се нанесуваат од средината на косата кон краевите. Директното нанесување на скалпот може да ги затне порите и да влијае врз циркулацијата, со што се забавува растот на косата.
5. Хидратација на косата еднаш неделно
Доколку сакате здрава коса, хидратацијата е многу важна. Природните маски со авокадо, кокосово масло или мед се одличен избор.
6. Витамините се пожелни
Витамините како A, C, B-комплекс и биотин играат клучна улога за здравјето на косата. Витаминот A помага во создавање на себум – природното масло кое ја штити косата, додека витаминот C учествува во синтезата на колаген. Биотинот особено го забрзува растот на косата и ја подобрува нејзината еластичност.