Со години тврди дека никогаш нема да прави корекции и пропагира природно стареење, но последните фотографии кажуваат нешто друго
Кога Шерон Стоун зачекорила на црвениот килим, сите гледале само во неа, а причината не бил нејзиниот совршен стајлинг. За оваа пригода, таа одбрала асиметричен фустан со смел прорез кој ги истакнал нејзините вити нозе, а сето тоа го надополнила со впечатливи чизми со животински дезен и бунда која само ја наметнала преку рамениците.
Што се однесува до модните експерти, таа заслужила чиста десетка за овој стајлинг. Сепак, сите присутни зборувале само за нејзиното лице кое изгледало значително поинаку и помладо во споредба со нејзиното претходно појавување. Затегнато, без брчки, со нагласени јаболчни коски, речиси совршено.
Штом фотографиите излегле во јавност, следела лавина коментари. Многумина се прашуваат дали Шерон го променила мислењето кога станува збор за естетската хирургија. Таа со години важеше за една од ретките холивудски ѕвезди кои се залагаат за природен начин на стареење, па ова издание на актерката збуни многумина.
Поврзани објави
На социјалните мрежи се појавија бурни реакции речиси во истиот момент. Додека едни ја фалеле нејзината фигура и храбриот стајлинг, други се фокусирале исклучиво на нејзиното лице, тврдејќи дека актерката очигледно направила фејслифтинг.
„Ова не е истата таа Шерон што ја познаваме“; „Лицето ѝ е комплетно затегнато“; „Непрепознатлива е, како друга личност.“
ФОТО: Принтскрин Инстаграм / sharonstone