Почетна Убавина и здравјеКога Амал Клуни се појавила на доделувањето Златни глобуси по 10 години, и најголемите ѕвезди паднале во нејзината сенка!

Кога Амал Клуни се појавила на доделувањето Златни глобуси по 10 години, и најголемите ѕвезди паднале во нејзината сенка!

од nenad
2 минути читај за

Џорџ Клуни и неговата прекрасна сопруга Амал покажале зошто важат за една од најубавите двојки

На 83. доделување Златни глобуси, Џорџ Клуни бил олицетворение на класичниот Холивуд во црн смокинг со пеперушка и сјајни чевли. Но шоуто дефинитивно го украла неговата сопруга Амал Клуни, која се појавила на овој престижен настан првпат по 10 години. Имено, таа зрачела со гламур и сексапил во огнено црвен фустан што ѝ ги истакнувал облините. Енергијата на атрактивната адвокатка била неверојатна, додека со широка насмевка им позирала на многубројните фоторепортери.

Се појавила на церемонијата на доделувањето Златни глобуси по 10 години

Амал се појавила во јавност и ги засенила сите, покажувајќи на дело зошто со прави важи за една од најдобро облечените познати дами на светската јавна сцена. Таа самоуверено шетала во тесен црвен фустан со набори, држејќи го сопругот за рака. Додала дијамантски обетки и ѓердан и мала чанта во истата црвена нијанса, додека косата ја пуштила да ѝ паѓа на рамениците во благи бранови. Таа ја нагласила природната убавина со минимална шминка.

Поврзани објави

Никогаш не изгледале повљубено на црвениот килим

Џорџ (64) и Амал (47), кои се во брак повеќе од 10 години, не можеле да ги сокријат љубовните искри додека чекореле по црвениот килим со испреплетени раце. Познатата холивудска ѕвезда изгледала многу среќна покрај својата поубава половина, а неговите џентлменски манири кон неа дополнително ги воодушевиле присутните. Се грижел да не ѝ недостасува ништо во ниеден момент.

Инаку, Клуни бил номиниран за најдобар машки актер за улогата во филмот „Џеј Кели“, хумористична драма во која игра филмската ѕвезда.

Неговото појавување на доделувањето награди се случува околу две недели откако долгогодишните демократи, неговата британско-либанска сопруга и нивните осумгодишни близнаци Александар и Ела, станале француски државјани. Официјалниот декрет објавен во Париз открил дека целото семејство добило француски пасоши.

ФОТО: ИНСТАГРАМ