Почетна ЕкономијаПрекин на водоснабдувањето на делови од три улици во Општина Центар

Прекин на водоснабдувањето на делови од три улици во Општина Центар

од nenad
1 минути читај за

Поради уличен дефект на водоводна цевка, денеска ќе има прекин во водоснабдувањето на делови од три улици во Општина Центар.

Како што соопштуваат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, без вода ќе останат корисниците на дел од улиците „Миле Попјорданов“, „Јуриј Гагарин“ и „Васил Ѓоргов“.

– Поради уличен дефект Ф 100 мм на ул. Миле Попјорданов бр. 40, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. „Миле Попјорданов“, дел од „Јуриј Гагарин“ и дел од „Васил Ѓоргов“ од 09:30 часот до завршување со санација на дефектот, стои во соопштението.

Водоснабдувањето ќе биде нормализирано по целосно санирање на дефектот.