Соединетите Американски Држави го примија раскошниот авион „Боинг 747“ – донација од Катар, а од Военото воздухопловство на САД е побарано да пронајде начин за експресна модернизација за да се употреби како нов „Ер Форс 1“, објавија американските медиуми.
Американскиот секретар за одбрана, Пит Хегсет, го одобри приемот на авионот, проценет на 400 милиони долари и им наложи на американските воздухопловни сили да изнајдат начин за брзо подобрување за користење како службен авион на американскиот претседател Доналд Трамп.
Правни експерти ја доведоа во прашање легитимноста поврзана со даровите од странски влади, кои имаат за цел да спречат подмитување и неоправдано влијание.
Трамп ги игнорираше етичките дилеми, потенцирајќи дека би било „глупаво“ да не се прифати авионот. Владата на Катар, исто така, ги демантираше грижите. зш/ .