Пејачката откри како изгледале љубовите во младоста и се присети на познатиот судски случај со кошаркарите на Партизан
Пејачката Гога Секулиќ откри дека првото момче го имала со 19 години, и додаде дека во нејзиното време било невообичаено младите девојки да имаат симпатија или момче. Нејзината прва симпатија се појавила на 16 години, но, како што вели, не смеела да го спомене тоа пред семејството.
Сега кога се среќаваме, се шалиме за тоа, но тогаш тоа беше сериозна работа. Децата денес со 12 или 14 години веќе имаат момчиња, но ги кријат. Кај нас тоа не беше дозволено“, рече Гога во интервју.
Пејачката се потсети и на судскиот случај од 2008 година, кога го тужела тимот на Партизан поради навредлива песна што ја пееле на прославата на шампионската титула во Вршац. Како што објасни, таа морала да го плати адвокатот, а подоцна ја повлекла тужбата поради пријателите, верувајќи дека „Бог секако сè враќа на своето место“.
И покрај сето тоа, Гога Секулиќ денес со насмевка се присетува на младоста и љубовните искуства кои го обележале нејзиното созревање, признавајќи дека и понатаму се среќава со првата симпатија и се забавуваат заедно.
printskrin youtube – hype tv – goga sekulic