Почетна ЕкономијаВрнежи од ледени зрна на одделни патни правци, се апелира на зголемена внимателност

Врнежи од ледени зрна на одделни патни правци, се апелира на зголемена внимателност

од nenad
0 минути читај за

Фото: https://unsplash.com/photos/snow-covered-empty-road-Qc-k0bGDysM

02/01/2026 22:08
ЛОКАЛНО


Центарот за управување со кризи вечерва информира дека на одделни патни правци е евидентирана појава на врнежи од ледени зрна, кои предизвикуваат брзо и ненадејно заледување на коловозите, особено во повисоките и планинските предели.

Оттаму апелираат до возачите зголемена внимателност, прилагодување на брзината според условите на патот и одржување на поголемо безбедно растојание и задолжително користење на соодветна зимска опрема. бак/