Почетна ЕкономијаАлиу: До мај нов паркинг на Клиничкиот центар со „смарт“ инфраструктура и катна гаража

Алиу: До мај нов паркинг на Клиничкиот центар со „смарт“ инфраструктура и катна гаража

од nenad
1 минути читај за

Министерот за здравство Азир Алиу денеска, одговарајќи на новинарски прашања во врска со паркингот на Клиничкиот центар, изјави дека до мај „ќе располагаме со паркинг што ќе биде комплетно нов, со ‘паметна’ инфраструктура и повеќекатна гаража“.

Тој наведе дека постоел административен проблем поврзан со инфраструктурата на паркингот на Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Министерот исто така информираше дека во соработка со Министерството за образование и наука се изработува национална децениска стратегија за формирање профили на здравствени работници и професионалци, онаму каде што постои потреба.

„Тоа не може да се постигне ниту за една, ниту за четири години. Знаете дека ни се потребни најмалку шест години за да се формира профил на доктор“, одговори тој на новинарско прашање, по посетата на обновената Клиника за гинекологија и акушерство.

Министерот потсети и дека заедно со Владата ќе бидат набавени 100 амбулантни возила, а за 2027 година најави дополнителни 50.

„Значи, за кратко време ќе имаме дополнителни 150 амбулантни возила, кои ќе бидат соодветно опремени за да можат да ги услужат нашите граѓани“, подвлече министерот.

Видео: Влада
Извор: МИА