Почетна ЕкономијаАМСМ: Од 12 часот во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони – Богородица

АМСМ: Од 12 часот во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони – Богородица

од nenad
0 минути читај за

Фото: Принтскрин

28/12/2025 12:22
ЛОКАЛНО


Сообраќајот на граничниот премин Евзони – Богородица од 12 часот е во прекин, соопшти АМСМ.

Прекинот, како што претходно објави дописничката на МИА од Атина, е во периодот од 11 до 15 часот и од 17 до 21 часот по македонско време, поради блокадите поставени од грчките земјоделци.

Земјоделците кои од 1 декември со нивните трактори се на граничниот премин, и денеска, исто како и вчера најавуваат две четиричасовни блокади на границата за влез и излез од Грција на патнички и товарни возила.