Почетна Убавина и здравјеНе му е доста! Дарко Лазиќ се пофали како вози со сопругата во скут! Зовреа социјалните мрежи (ФОТО)

Не му е доста! Дарко Лазиќ се пофали како вози со сопругата во скут! Зовреа социјалните мрежи (ФОТО)

од nenad
1 минути читај за

По низа сообраќајни прекршоци, пејачот повторно ја вознемири јавноста со опасна објава на социјалните мрежи

Пејачот Дарко Лазиќ повторно се најде во центарот на јавноста поради неодговорно однесување во сообраќајот. На својот Инстаграм профил тој објави фотографија на која се гледа како управува автомобил, додека неговата сопруга седи во неговиот скут – и тоа, според околностите, додека возилото е во движење.

Лазиќ, кој со години е поврзуван со ризично возење и серија сообраќајни инциденти, со оваа објава повторно предизвика бурни реакции. Особено загрижува фактот што пред само неколку месеци тој доживеа тешка сообраќајна несреќа со сопругата, која самиот ја предизвика, но очигледно тоа не влијаело врз неговото однесување.

Иако фотографијата, според облеката, е направена во летниот период, таа повторно ја отвори темата за неговата немарност зад воланот.

Поврзани објави

Printscreen/Instagram/darkolazicofficial

Експертите за безбедност во сообраќајот предупредуваат дека ваквото однесување е тешко кршење на законот и директно загрозување на човечки животи. Возење со лице во скут значително ја намалува контролата над возилото и ја зголемува можноста за трагични последици, поради што многумина се прашуваат дали пејачот воопшто ја сфаќа сериозноста на своите постапки.

printskrin youtube – FullScreen Media – lazic