Цената на електричната енергија од 1 јануари 2026 година ќе забележи пораст. Зголемувањето ќе изнесува 2,45% за првиот тарифен блок, 2,87% за вториот, 3,32% за третиот и 3,84% за четвртиот блок. Покрај тоа, евтината тарифа ќе поскапи за 2,5%.
“Наместо предложеното зголемување од 7,66 отсто што ЕВН ХОМЕ го достави во одлуката, РКЕ по спроведени анализи и повторни пресметки, одлучи во прв блок да има корекција од 2,45 проценти.”
За вториот тарифен блок, предвидено е покачување на цената за 2,87%, што е значително помалку од предлогот на ЕВН ХОМЕ од 8,54%.
Во третиот блок, цената ќе порасне за 3,32%, додека првичниот предлог предвидуваше зголемување од 9,63%. За четвртиот блок, зголемувањето ќе биде 3,84%, наместо предвидените 11,86%, информираше денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски.
Тој додаде дека за околу 85% од домаќинствата, ова поскапување ќе се одрази со зголемување од 2,28% или дополнителни 57 до 70 денари на месечната сметка.
Во врска со евтината тарифа, ЕВН Хоме предложи покачување од 3,96%, додека РКЕ донесе одлука за корекција од 2,50%.
ќе забележи пораст. Зголемувањето ќе изнесува 2,45% за првиот тарифен блок, 2,87% за вториот, 3,32% за третиот и 3,84% за четвртиот блок. Покрај тоа, евтината тарифа ќе поскапи за 2,5%.