Почетна Убавина и здравјеГрешите што ги фрлате! – Убавина и здравје

Грешите што ги фрлате! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Нивната филозофија гласи: кујната не е место за непотребен отпад, туку простор каде што речиси сè може да добие втора шанса

Французинките се познати како најдобро облечени жени, но се истакнуваат и кога храната е во прашање. Во Франција се знае, никогаш не се фрла храна и секое парче се користи на најдобриот можен начин. Тие веруваат дека постојат повеќе начини на кои може да се искористи една состојка.

Идејата е едноставна: кујната не е место за непотребен отпад, туку простор каде што речиси сè може да добие „втор живот“. На пример, никогаш не го фрлаат презреаното овошје, туку го користат за приготвување колачи или шејкови.

Исто така, никогаш не ги фрлаат ни лушпите од компир и кромид, еве и зошто…

Поврзани објави

Лушпите од компир, крајчињата на морковите, стебленцата целер, лушпите од кромид, сето тоа се собира во еден сад и се става во замрзнувач. Кога садот ќе се наполни, содржината се користи за готвење домашен бујон од зеленчук.

Овој бујон служи како основа за супи, сосови и ризото, а многу домаќинки тврдат дека вкусот е побогат отколку кога се користат „свежи“ парчиња зеленчук. Не станува збор за штедење, туку за максимално искористување на храната.

Освен зеленчукот, максимално го користат и месото. На пример, остатоците од пилешко по ручекот не се фрлаат, туку исто така се замрзнуваат во мали порции, а по потреба се користат за супи, сосови и варива.

ФОТО: Freepik