Софи Кинсела речиси две години се борела со тумор на мозокот
Софи Кинсела, авторката на популарната серија книги „Шопингхоличарка“, починала на 10 декември 2025 година, на 55-годишна возраст, од тешка болест со која се борела повеќе од две години.
Оваа тешка вест ја соопштил нејзиниот сопруг Хенри, со кого имала три деца: Фреди, Хуго и Оскар.
Од што боледувала Софи Кинсела?
Софи имала агресивен тумор на мозокот, а во 2022 година открила детали за својата болест.
„Првите симптоми што ги имав беа… моите нозе. Постојано се сопнував. Почнав да добивам многу силни главоболки. Станав многу збунета. Но дури кога почнав да се превртувам седејќи на столче, сфатив дека нешто навистина не е во ред.“
Нејзиниот сопруг ја однел Софи во болница, каде што направила скенер на главата и откриле дека има тумор на мозокот глиобластом од четврти степен. Десет дена подоцна, Софи била оперирана.
„Операцијата траеше осум часа. Го пронајдоа туморот и го извлекоа колку што можеа. Таа операција беше триумф“, се присетила писателката тогаш.
Поврзани објави
Операцијата предизвикала значајни промени во нејзиното движење и помнење.
„Не можев ништо да направам. И морав да одам на рехабилитација“, рекла тогаш Софи чие помнење никогаш не ѝ се вратило целосно.
Последните денови на Софи Кинсела
Во соопштението објавено на нејзиниот инстаграм-профил, нејзиното семејство напишало:
„Почина мирно, а последните денови ѝ беа исполнети со вистинска љубов: семејство, музика, топлина, Божиќ и радост.“
Глиобластом е исклучително агресивен тумор на мозокот за кој нема познат лек, според Американското здружение за рак, кое додало дека петгодишната стапка на преживување може да биде само 6 отсто.
ФОТО: Инстаграм