Граѓаните спонтано се собраа пред Домот на млади во чест на легендарниот пејач, пеејќи ги неговите најголеми хитови низ солзи и аплаузи.
Илјадници обожаватели вечерва се собраа пред Домот на млади во Сараево за да му оддадат последна почит на легендарниот пејач Халид Бешлиќ. Емоциите кулминираа кога толпата започна во еден глас да ги пее неговите најпознати песни. Сцената беше исполнета со солзи, аплаузи и силна носталгија.
Собирот го иницира сценографката Адиса Ватреш Селимовиќ, која преку социјалните мрежи повика граѓаните да дојдат и заедно да му се поклонат на пејачот.
Донесете гитари, озвучување и љубов за Халид“, пишуваше во објавата која ја споделија многумина.
На плоштадот одекнуваа познатите акорди на неговите најголеми хитови „Romanija“, „Jarane“ и „Miljacka“. Публиката со трепет во гласот ги пееше секој стих, додека небото над Сараево беше тивок сведок на колективната тага и љубов.
Песните беа проследени со громогласен аплауз, како симбол на вечна благодарност.
Особено емотивен момент беше кога на сцената се појави неговиот син Дино Бешлиќ. Со солзи во очите, тој пееше стихови на својот татко, држејќи го за рака хармоникашот кој го придружуваше Халид на многу настапи.
Поврзани објави
printskrin youtube – balkast – halid beslic