Почетна Убавина и здравје„Скромна куќа“ од 1.600 квадрати — изјавата на Миле Китиќ што го остави студиото без зборови (ФОТО)

„Скромна куќа“ од 1.600 квадрати — изјавата на Миле Китиќ што го остави студиото без зборови (ФОТО)

од nenad
1 минути читај за

Познатиот пејач со семејството се всели во вила вредна милион евра на Авала, а неговиот коментар за нејзината „скромност“ предизвика лавина реакции.

Популарниот пејач Миле Китиќ шокираше со изјава дека изградил „скромна куќа“ со површина од дури 1.600 квадратни метри. Тој и неговата сопруга Марта Савиќ неодамна се вселија во новиот дом на Авала, чија вредност се проценува на околу еден милион евра. Луксузната вила беше повод и за прослава на роденденот на нивната ќерка Елени.

Гостувајќи во емисијата на Огњен Амиџиќ, пејачот на шега, но и сериозно, изјави:

Нема терен за тенис, стварно сум направил една скромна куќа, 1.600 квадрати има.“

Публиката и гостите во студиото останаа без зборови од оваа изјава, која веднаш стана тема на социјалните мрежи.


Поврзани објави

Китиќ дополнително појасни дека зад себе има повеќе од педесет години кариера и дека е горд што може да ужива во плодот на својот труд.

Огромен е просторот и има доста простории, но сакав да направам убава куќа во која ќе уживаме,“ истакна тој со насмевка.

Новата вила на семејството Китиќ е опкружена со зеленило и обезбедена со највисоко ниво на приватност. Во неа веќе уживаа и блиски пријатели и колеги, кои не го криеја воодушевувањето од луксузот и големината на домот. Веста предизвика бурни реакции, од восхит до неверување, а јавноста продолжува да ја коментира неговата „скромна“ изјава.

Фотографии може да погледнете ОВДЕ

printskrin Youtube – hype tv mile kitic