Пејачката решила да најде нов соработник откако нејзиниот шминкер повеќе време и посветил на колешката, нарушувајќи ја професионалната доверба.
Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ ставила точка на соработката со својот долгогодишен шминкер, кој ѝ бил верен повеќе од една деценија. Причината, според добро информиран извор, е нејзината колешка Александра Пријовиќ, на која шминкерот последните години посветувал сè повеќе внимание.
Тоа е еден од најважните членови на мојот тим, а тој веќе го посвети своето време на Александрa. Патуваше со неа на речиси сите настапи за време на нејзината голема регионална турнеја, а за тоа време не ми беше достапен,“ открива извор близок до Цеца.
Овој потег сериозно ја вознемирил пејачката, која е навикната да може во секое време да смета на својот тим.
Пријателката на Цеца открива дека пејачката била разочарана и одлучила да најде нов соработник:
Поврзани објави
Ми рече: ‘Немам проблем што тој работи со Александра, нека работи со кого сака, но кога мене ќе ми треба, мора да биде тука. Ако нема време за мене, тогаш ќе најдам некој кој ќе сака да работи.’“
Според последните информации, Цеца веќе ангажирала нов шминкер и нема намера да го споменува името на поранешниот соработник.
Го прецртала засекогаш, за неа тој повеќе не постои,“ заклучува изворот.
Во меѓувреме, Александар Пријовиќ одлучила да ја прекине соработката со композиторот Дејан Костиќ поради неговата соработка со Цеца, што ја разочарало младата пејачка.
printskrin youtube – blic ceca raznatovic