Пејачката откри дека филмот за Тома Здравковиќ ја прикажал погрешно и без нејзина согласност, претставувајќи ја како личност што не го одразува вистинскиот лик.
Пејачката Лепа Лукиќ се осврна на филмот за животот на Тома Здравковиќ и откри дека не е задоволна од тоа како е прикажан нејзиниот лик. Во гостување во подкастот на македонскиот шоумен Бојан Јовановски (Боки 13), таа откри детали од снимањето и своите забелешки кон авторите.
Глумицата која ме играше тоа го направи добро. Но, Бјелогрлиќ од мене направи пијандура, која пуши и псува… Јас никогаш не сум пушела, ниту пиела. Кога го прашав зошто тоа го направил, рече дека тоа е ‘уметничка слобода’“, објасни Лепа.
Таа додаде дека никој од нив не бил консултиран за сценариото и дека авторите работеле според сопствено мислење.
Поврзани објави
Во јавноста често се спекулираше за односот помеѓу Лепа Лукиќ и Тома Здравковиќ, а таа порано за медиумите објасни дека нивното пријателство и професионален однос биле многу блиски и почитувани.
Филмот, и покрај уметничката слобода која ја користеле авторите, предизвика контроверзии и кај јавноста и кај луѓето кои биле лично поврзани со животот на Тома Здравковиќ. Лепа Лукиќ јавно го изрази својот став дека приказот не ја претставува вистинската личност која таа е.
printskrin youtube – hype – lepa lukic