Почетна Убавина и здравјеПријателите ја придржуваa да не падне – повторно во „пеколот на пороците“? (ВИДЕО/ФОТО) – Убавина и здравје

Пријателите ја придржуваa да не падне – повторно во „пеколот на пороците“? (ВИДЕО/ФОТО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Славната манекенка Кејт Мос (51) повторно се најде во центарот на вниманието, откако беше забележана во очигледно исцрпена состојба по бурното излегување во Париз за време на Неделата на модата.

Манекенката била фотографирана како го напушта ноќниот клуб, уморна и видливо исцрпена, додека пријател ѝ помагал да ја одржи рамнотежата и ја одвел до хотелот, обидувајќи се да ја заштити од присутните папараци.

Фотографиите се проширија со неверојатна брзина на социјалните мрежи, а коментарите не престануваат – многумина се прашуваат дали славната Британкa повторно им се враќа на старите навики.

Додека едни тврдат дека станува збор за обичен умор по бурната вечер, други потсетуваат на нејзиниот бурен период од минатото, обележан со алкохол и скандали. Сепак, засега нема докази дека биле користени какви било опасни супстанции, иако јавноста се’ уште не се смирува.

@scoopinparis Kate Moss returns to her hotel completely drunk. #katemoss #kate #moss #parisfashionweek #fw ♬ son original – scoopinparis

Дали им се враќа на пороците?

За да го поткрепат својотсомнеж, корисниците на социјалните мрежи ги споредуваат фотографии од Кејт Мос направени преку ден додека шетала низ продавниците на познатите брендови, со оние од вечерта, кога излегувала од клубот во Париз.

Реакциите се поделени – од загриженост до шпекулации, а јавноста со нетрпение ја следи секоја нејзина појава.

Видео: Тикток