Почетна Убавина и здравјеМајката на Цеца се скарала сериозно со Аркан поради ова! Ражнатовиќ по толку години молк ја отвори устата – Убавина и здравје

Мајката на Цеца се скарала сериозно со Аркан поради ова! Ражнатовиќ по толку години молк ја отвори устата – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Пејачката во емисијата „Show stoperka“ првпат проговори за судирот меѓу својата мајка и сопругот Аркан.

Светлана Цеца Ражнатовиќ откри непозната анегдота од својот семеен живот, поврзана со мајка ѝ Мира Величковиќ и сопругот Жељко Ражнатовиќ Аркан. Во гостувањето кај Гоца Тржан во емисијата „Show stoperka“, пејачката раскажа дека нејзината мајка и Аркан имале сериозна расправија поради неа.

Како што се присети Цеца, мајка ѝ ја разбудила еден ден на пладне со забелешка дека е недозволиво да спие додека сопругот се враќа од работа и ручекот е веќе поставен.

Дигај се моментално од кревет, маж ти доаѓа!“, наводно рекла Мира, што предизвикало кавга меѓу нив.

Аркан, пак, веднаш застанал во одбрана на сопругата.


Поврзани објави

Миро, тоа е сега мојата жена, нема повеќе да ѝ наредуваш. Нека спие колку сака, мене ми треба среќна и задоволна жена,“ рекол тој, со што ставил точка на расправијата.

Цеца со насмевка додаде дека таквиот став на нејзиниот сопруг ѝ покажал колку ѝ бил посветен и колку ја ценел.

Па каде таков маж да најдам повеќе,“ заклучила пејачката.

printskrin youtube – CECA SHOW