Пејачката откри интимен момент од 1996 година кога заедно со татко ѝ настапиле на телевизија
Пејачката Ана Бекута објави емотивно видео старо речиси три децении, на кое нејзиниот татко Бранко свири на фрула, а таа го следи со песна. Снимката е направена во 1996 година, само една година пред неговата смрт.
На оваа снимка сме татко ми Бранко Полиќ и јас. Тој ме вовлече во музиката и ми го одреди животниот пат. Се радуваше на секоја моја песна и на секој отпеан тон. Секоја девојка заслужува татко кој ќе ги држи скалите на нејзините соништа,“ напиша Бекута.
Поврзани објави
Таа додаде дека татко ѝ, доколку беше жив, на 9 март оваа година ќе го прославеше својот 90-ти роденден.
Знам дека некаде и понатаму свири и се радува на моите песни,“ напиша пејачката во описот на снимката.
Бекута пред еден месец одржа спектакуларен концерт по повод 40 години кариера. Настапот го започна со три песни посветени на најблиските што повеќе не се меѓу живите – мајка ѝ, татко ѝ и Милутин Мркоњиќ.
Фото: Printscreen Instagram @anabekuta1