Почетна ЕкономијаТестирање на општа интелигенција од Менса во Скопје

Тестирање на општа интелигенција од Менса во Скопје

од nenad
0 минути читај за

01/10/2025 8:05
ВЕСТИ, ЛОКАЛНО


По повод 1 октомври – Светскиот ден на интелектот, Менса Македонија денес во просториите на Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии спроведува тестирање на општата интелигенција со цел прием на нови членови во организацијата.

Од Менса Македонија известуваат дека е неопходно кандидатите да имаат навршено 16 години, да извршат уплата од 600 денари, да приложат документ за лична идентификација при самото тестирање, од претходното тестирање да имаат поминато најмалку 6 месеци и претходно да не учествувале на повеќе од две тестирања.

“фф/са/Фото: Фејсбук на Менса Македонија”.