Почетна ЕкономијаКина го нарече Тајван „црвена линија“ и ја осуди новата американска воена помош за островот

Кина го нарече Тајван „црвена линија“ и ја осуди новата американска воена помош за островот

од nenad
1 минути читај за

22/12/2024
ВЕСТИ, СВЕТ


Кина денеска ја критикуваше новата американска воена помош за Тајван, велејќи дека пакетот од 571 милион долари сериозно го нарушува „принципот на една Кина“ и одредбите од заедничките коминикеа меѓу Кина и САД.

-Кина ќе ги преземе „сите неопходни мерки“ за да го заштити својот суверенитет и територијален интегритет, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи во Пекинг.

Тој го нарече Тајван „црвена линија што не смее да се премине“ во кинеско-американските односи.

Пекинг го смета демократски управуваниот остров Тајван за своја територија, тврдење што владата во Тајпеј го отфрла. мс/ .

Извор: МИА