По руската офанзива врз украинскиот град Дњепар, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, рече дека официјална Москва со секој ваков напад покажува дека е нужно да се изврши жесток притисок врз Русија и да се воведат „поболни санкции за агресорот“.
Екипи за спасување, комуналните служби и агенциите за итни ситуации работат во Дњепар по нападот на руско беспилотно летало врз градот. “Тоа беше едноставно дрзок удар врз цивилната инфраструктура, сред бел ден.”
До овој момент е познато дека се повредени над 10 лица, објави Зеленски на својот профил на Фејсбук.
Како што претходно извести Укринформ, руската армија го нападна Дњепар со дронови при што едно лице го загуби животот, а 15 беа ранети. јт/Фото: Зеленски на Фејсбук. Извор: МИА