Денеска во Белград, српскиот министер за финансии, Синиша Мали, имаше средба со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто. Главна тема на дискусија беа заедничките проекти и унапредувањето на соработката помеѓу двете земји.
Во фокусот на разговорите беше и изградбата на нафтовод од Нови Сад до Алѓе, чиј старт е предвиден за крајот на 2025 година.
„Нашиот фокус беше на зајакнување на економските врски, обезбедување енергетска стабилност, развој на заеднички инфраструктурни проекти и подобрување на граничните премини, вклучително и воспоставување „зелени коридори“ на премините Келебија-Томпа и Хоргош-Рескe“, објави Мали на својот Инстаграм профил.
Тој додаде дека приоритет претставува и изградбата на нов гасовод од Хоргош до Појат, како и развојот на Панонскиот коридор за пренос на електрична енергија и воспоставувањето заедничка берза за електрична енергија Србија-Унгарија-Словенија.
зш/фото Инстаграм/Мали.
Извор: МИА