Почетна Убавина и здравје„Не се слушаме“ – Убавина и здравје

„Не се слушаме“ – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Пејачките Јелена Карлеуша и Оља Карлеуша се во роднинска врска – тие се братучетки. Но, и покрај тоа, немаат никаков контакт приватно.

Оља Карлеуша долги години молчела за ова, но неодамна одлучи да проговори. Вели дека искрено ја цени и ја почитува својата поуспешна братучетка:

Би било глупаво некој да каже нешто лошо за жена која во моментов е на својот врв. Да бидеш актуелен три децении речиси е невозможна мисија. Секој што се занимава со некаков бизнис знае што значи толку долго да се одржуваш на врвот. Не оспорувам ништо што прави – се’ прави квалитетно и професионално. Ние приватно не се дружиме, ниту се слушаме, но фактот колку луѓе доаѓаат на нејзините настапи доволно говори за нејзиниот успех“, изјави Оља.

Зошто го криела сродството?

Пејачката објасни и зошто со години не зборувала за својата врска со Јелена:

Презимето е специфично. Ние сме Личани, подалечен род. На почеток не сакав да настапувам како Оља Карлеуша, бидејќи знаев дека веднаш ќе ме поврзуваат со Јелена. Но на наговор од пријателка одлучив да го задржам презимето. Од една страна тоа беше добро, од друга – не баш. Оној што ја сакаше Јелена, гледаше на мене негативно: ‘Еве ја, сака да се шлепа’. А оној што не ја сакаше, викаше: ‘Еве ја оваа прекрасна жена’.“


Поврзани објави

Според Оља, иако врската со славната братучетка предизвикувала внимание и интриги, меѓу нив никогаш не постоело ривалство:

Толку сме различни што секоја си беше своја приказна.“

Фото: Инстаграм