Во временскиот период од шест до 10 часот денеска на територијата на земјава се спроведе акциска контрола на возила кои го изведуваат јавниот превоз на ученици, известуваат од Министерството за внатрешни работи. Констатирано е едно кривично дело согласно со член 284 од Кривичниот законик за без соодветна возачка лиценца. Контролата исто така доведе до откривање на 37 сообраќајни прекршоци и упатување на 14 возила на вонреден технички преглед, објаснуваат од МВР. Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и обратно ќе продолжат во наредните денови. Апелираме до сите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и на тој начин да придонесуваат за зголемување на безбедноста на децата и на сите нас, потенцираат од МВР. фотографија: МИА архива. Скопје, 14 март 2023 (МИА)
Еден возач без лиценца може да претрпи триесет и седум санкции за превоз на ученици со автобуси.
97