Пред својот концерт во Белград, пејачот Мирза Селимовиќ откри дека е во контакт со колешката и блиска пријателка Милица Тодоровиќ, но и дека искрено се грижи за нејзиното здравје.
Пејачот Мирза Селимовиќ деновиве е во завршни подготовки за концертот што наскоро ќе се одржи во Белград. Во најава на големиот настап, тој спомена дека меѓу гостите ќе бидат негови колешки со кои има снимено дуети, а посебно ја издвои трудната Милица Тодоровиќ.
Мирза откри дека со Милица бил во контакт, но дека е воздржан кога станува збор за прашања околу бременоста.
Не знам сега во каква е состојба, верувам дека ќе дојде ако може. Морам да ја побарам да ја прашам. Многу ја сакам и среќен сум што ќе стане мајка“, изјави тој.
Тој истакна дека пријателствата стекнати преку музиката се негово најголемо богатство и дека материјалното никогаш не му било приоритет.
Поврзани објави
Милица ми е како постара сестра, и тоа пријателство многу ми значи“, додаде Селимовиќ.
Иако важи за наследник на Здравко Чолиќ, Мирза ретко коментира случувања на естрадата. Сепак, неодамна направи исклучок и рече дека денешната сцена премногу се променила, оценувајќи ја со зборовите:
Стана една голема септичка јама“.
milica todorovic instagram 2024