Почетна ЕкономијаМицотакис и Христодулидис: Целосна посветеност на електричното поврзување од двете влади

Мицотакис и Христодулидис: Целосна посветеност на електричното поврзување од двете влади

од nenad
1 минути читај за

Целосната заложба на двете влади за реализација на електричната интерконекција меѓу Грција и Кипар, беше реафирмирана од страна на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и кипарскиот претседател Никос Христодулидис во заедничката декларација по нивната средба на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, истакнувајќи дека станува збор за проект од стратешка важност, извести дописникот на МИА од Атина.

Тие исто така нагласија дека овој проект има поддршка и од претседателката на Европската комисија и претседателот на Европскиот совет.

За време на средбата, Христодулидис го запозна Мицотакис со најновите случувања во кипарското прашање во пресрет на заедничката средба со лидерот на кипарските Турци, која ќе се одржи под покровителство на генералниот секретар на ОН на 27 септември.

Разговараа и за приоритетите на кипарското претседателство со Европската Унија во првата половина на 2026 година, а беа разгледани и прашањата кои ќе бидат ставени на дневен ред на претстојната меѓувладина седница Кипар-Грција во ноември. Мицотакис и Христодулидис ги потврдија и одличните билатерални односи.

На маргините на Генералното собрание на ОН, грчкиот премиер се сретна и со вселенскиот патријарх Вартоломеј, а оствари и посебни средби со претседателите на Азербејџан, Сиера Леоне и Јемен, како и со премиерот на Египет.

Во однос на средбата со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, која вчера беше одложена на барање на турската страна, сѐ поверојатно е дека нема да се случи, со оглед на тоа што владини извори за грчките медиуми посочиле дека е „тешко да се случи“.

ср/сд/Фото: Кабинет на грчкиот премиер .

Извор: МИА