Table of Contents
Дознајте кои намирници треба да ги одбегнуваат луѓето со висок крвен притисок
Луѓето кои имаат покачен крвен притисок (хипертензија) би требало да обрнат внимание на исхраната и начинот на живот, бидејќи одредени намирници и навики дополнително ги оптоваруваат срцето и крвните садови. Еве што би требало да одбегнуваат или барем значајно да го ограничат…
1. Солена храна и сол
Главниот непријател на високиот притисок е солта (натриум). Треба да одбегнувате да ја досолувате храната, сувомеснати производи (сланина, колбаси, шунка), конзервирана и брза храна, бидејќи содржат големи количества на сол.
2. Масни и преработени производи
Тоа се преработените производи како паштета, виршли, индустриски месни производи и готови оброци. Тука спаѓаат и масното месо, похуваната и пржена храна, маргаринот и производите со транс-масти, бидејќи ги оштетуваат крвните садови.
Поврзани објави
3. Алкохол и газирани сокови
Алкохолот го покачува крвниот притисок и ги оптоваруваат црниот дроб и срцето. Газираните и енергетските пијалици полни со шеќери и кофеин можат да предизвикаат ненадејни скокови на притисокот.
4. Премногу кофеин
Кафето во големи количества, енергетските пијалаци и јакиот црн чај можат да го покачат притисокот кај чувствителните лица.
Фото: Unsplash/Nathan Dumlao