Почетна Убавина и здравјеУтредента ја пречекала сцена како од хорор филм! – Убавина и здравје

Утредента ја пречекала сцена како од хорор филм! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Ова искуство нека ви биде потсетник дека сите конфликти со саканите треба да ги решите пред да помине денот, бидејќи никогаш не знаеме што ќе донесе утрото

Сите барем еднаш во животот сме го слушнале познатиот совет „никогаш не си легнувајте лути“, но многу двојки го сфаќаат тоа здраво за готово. Искуството на оваа жена ќе ви покаже зошто треба да ја применувате оваа изрека, бидејќи никогаш не се знае што ќе донесе утрото, а таа вели дека ќе се ќе се кае додека е жива поради својата постапка.

Имено, Ешли Мурел жестоко се скарала со сопругот Мики откако си дошол дома од работа по 16-часовна смена.

Сè започнало кога 33-годишната жена му кажала на својот сопруг дека се грижи за тоа што тој се напрега и истоштува на работа.

„Постојано беше исцрпен, толку се трошеше што здравјето брзо му се влошуваше.“

Караницата настанала поради желбата на Ешли да се погрижи за здравјето на сопругот, но не ги решиле несогласувањата и си легнале да спијат.

„Кога се врати таа вечер, беше за никаде, никогаш го немав видено толку исцрпен. Не можев да го гледам таков и се налутив. Ми беше доста од сè.“

Ешли му кажала на Мики да спие на каучот.

„Толку многу му се налутив што му кажав да спие на каучот. А тоа беше глупаво, бидејќи сакав само да биде покрај мене.“


Поврзани објави

Реченицата „никогаш не си легнувајте лути“ добила ново значење тој ден, бидејќи кога Ешли се разбудила тоа утро, нејзиниот најголем кошмар се остварил. Го пронашла Мики како лежи на каучот мртов.

„Мики беше толку добар“, рекла вдовицата.

„Кога ќе видеше некој несреќен, веднаш се обидуваше да го развесели.“

Ешли подоцна дознала дека нејзиниот сопруг работел дополнително како чистач на теписи за да заштеди доволно пари за нивната годишнина од бракот. Испланирал патување во Прага за нив двајца.

„Работеше по 16 часа дневно, седум дена во неделата само за да заштеди доволно пари за да одиме во Дизниленд секоја година. Толку беше истрошен, а правеше сè за да нè направи среќни.“

Ешли вели дека би дала сè за да може да ја промени таа вечер. Последните зборови што му ги кажала на Мики засекогаш ќе ѝ останат во сеќавање.

„Се чувствувам толку виновно. Бев многу лута на себе што го натерав да спие на каучот. Сè уште ми е тешко кога ќе се сетам дека моите последни зборови беа полни со гнев.“

Оваа тажна мајка на три деца сака другите двојки да знаат каква тежина носи изреката „никогаш не си легнувајте лути“.

„Загубата на Мики ми ја промени целата перспектива за животот. Животот е прекраток за да си легнуваме лути и да не го поминуваме секој миг со семејството.“