Индонезискиот министер за економија, Ерланга Хартарто, и европскиот комесар за трговија, Марош Шефчович, денес во Бали официјално го потпишаа Сеопфатниот договор за економско партнерство (ЦЕПА).
Овој договор ќе ја поедностави трговијата помеѓу 27-те земји членки на ЕУ и најголемата економија во Југоисточна Азија.
“ЕУ и Индонезија испраќаат силна порака до светот дека сме обединети во нашата посветеност на отворена, на заснована на правила и заемно корисна меѓународна трговија,” изјави Шефчович.
Инаку, потпишувањето на договорот беше одложено поради прашања поврзани со производи кои придонесуваат кон уништување на шумите. Сепак, преговорите беа зајакнати по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување дополнителни давачки за голем број држави.
ми/фото: ЕПА
Извор: МИА