Почетна ЕкономијаЕУ и Индонезија усогласија текстови за договори за слободна трговија

ЕУ и Индонезија усогласија текстови за договори за слободна трговија

од nenad
1 минути читај за

Европската Унија и Индонезија денес во Џакарта ги заокружија преговорите за Сеопфатниот договор за економско партнерство (ЦЕПА) и за Договорот за заштита на инвестициите (ИПА). Овие договори претставуваат важна пресвртница во имплементацијата на стратегијата на ЕУ за диверзификација и партнерства, со цел да се зајакнат меѓународните трговски и инвестициски врски и да се создадат нови можности за пласман и посигурни синџири за набавка на енергија и суровини.

Во врска со усогласувањето на текстовите на двата договори, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека тие креираат нови перспективи за компаниите и земјоделците од ЕУ во една голема и растечка економија. „Се обврзавме да ги удвоиме диверзификацијата и партнерствата за понатамошна поддршка на работните места во ЕУ и за поттикнување на растот.“

Фон дер Лајен исто така подвлече: „Ова ни обезбедува и стабилно и предвидливо снабдување со критични суровини, неопходни за чистата технологија и челичната индустрија во Европа.“

Договорот ЦЕПА ќе овозможи редукција на тарифите за агро-прехранбените производи од ЕУ, како и за клучните индустриски гранки, како што се автомобилската, хемиската и машинската индустрија. Според проценките, со овој договор извозниците од ЕУ ќе заштедат околу 600 милиони евра годишно од давачки за пласман на нивните производи на индонезискиот пазар, а истовремено европските производи ќе бидат попристапни за купувачите во Индонезија.

ЦЕПА, исто така, треба да придонесе кон стимулирање на одржлив развој и зелена транзиција, креирајќи зона на слободна трговија од над 700 милиони потрошувачи во ЕУ и Индонезија.

Постигнатите договори сега ЕУ ќе ги достави на одобрување до Советот на ЕУ. Доколку Советот даде согласност, документите ќе бидат официјално потпишани од страна на ЕУ и Индонезија, по што ќе треба да добијат одобрение од Европскиот парламент и да бидат ратификувани во индонезискиот Парламент.