12
Малта денес, за време на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, формално ќе ја признае Државата Палестина, објави малтешкиот премиер Роберт Абела.
Тој додаде дека признавањето на Палестина е „историско“ и оти Валета останува посветена на „постигнување мир во регионот“.
Малта чекори по стапките на Велика Британија, Канада, Австралија и Португалија, кои вчера ја признаа Државата Палестина.