Почетна ЕкономијаВладата ќе купи 100 нови амбулантни возила за две години

Владата ќе купи 100 нови амбулантни возила за две години

од nenad
1 минути читај за

Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски, објави дека Владата има намера да обезбеди 100 нови возила за итна медицинска помош.

На неодамнешната владина седница е донесена одлука Министерството за здравство да ја реализира аквизицијата на овие возила со одложено плаќање во период од пет години.

“На последната седница на Владата помина Одлука со која се задолжи Министерството за здравство да набави 100 амбулантни возила во текот на наредната година со одложено плаќање на пет години”, изјави Томовски.

“Од она што го имам разговарано со министерот за здравство Азир Алиу, најверојатно 80 возила ќе бидат набавени во 2026 година, а останатите 20 возила во наредната 2027 година”, рече Томовски синоќа во вестите на ТВ Сител.

Томовски истакна дека се презема чекор напред во подобрувањето на возниот парк, ставајќи акцент на функционалноста и потребата, а не на раскошот.

Тој додаде дека покрај амбулантните возила, се очекува и набавка на противпожарни возила, со цел да се унапредат работните услови на службите.