21
Инаку Ромео во тинејџерските денови се обидел да се занимава со фудбал, а бил и од академијата на Арсенал, но минатата година ја завршил професионалната кариера и целосно се посветил на манекенството. Се чини дека сите членови на семејството Бекам мора да „запливаат“ во манекенски води, па така сè уште не е познато дали најмладата Харпер ќе се обиде да го стори истото како и нејзините браќа.
Имено на почетокот на Лондонската модна недела, имавме можност да го видиме Ромео Бекам на пистата заедно со Лила Мос.
Тој се прошета по пистата во црно од глава до пети, во широки панталони и кожна јакна со крзно околу јаката. Неговиот сериозен израз на лицето многумина ги потсети на Дејвид.