Почетна ЕкономијаШукова најавува 15 нови паркови за 15 месеци

Шукова најавува 15 нови паркови за 15 месеци

од nenad
1 минути читај за

Во општина Бутел, кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, заедно со кандидатката за градоначалник на Бутел, Оливера Ливриниќ, кандидатите за советници и генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитриевиќ, дискутираа за стратегиите за разубавување и подобрување на стандардот на живеење во градот.

Во општината е планирана изградба на голем парк, кој моментално претставува запоставен јавен простор.

Шукова изјави дека во текот на првите 15 месеци ќе започне реализацијата на проектот за 15 нови паркови низ сите скопски општини и садење на 10.000 дрвја, вклучувајќи и овошни садници, како што стои во соопштението на СДСМ пренесено од МИА во целост.