Европската комисија ја реализираше осмата рата од својот заем за макрофинансиска асистенција за Украина во вредност од една милијарда евра. Со ова, целосната помош на ЕУ за државата од почетокот на руската офанзива се искачи на над 17 милијарди евра.
Вкупната вредност на кредитот изнесува 18,1 милијарди евра, како дел од пакетот заеми на Г7 за итно забрзување на приходите на Украина (ЕРА), кој има за цел да обезбеди околу 45 милијарди евра финансиска поддршка за земјата.
Од почетокот на годинава, во склоп на заемот за макрофинансиска поддршка, ЕУ на Украина и додели 10 милијарди евра.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера во своето обраќање за „Состојбата на Унијата“ пред европратениците објави дека Комисијата во рамките на ЕРА претстојнава есен ќе исплати уште шест милијарди евра за Украина, што ќе и овозможи на земјата суштинско зголемување на воените трошоци и задоволување на нејзините итни воени потреби.
Кредитите од рамката на ЕРА се надоместуваат од профитите од замрзнатите руски државни фондови од ЕУ.