Водителката најави голема прослава за својот 35. роденден, целосно ослободена од негативни луѓе.
Популарната водителка Јована Јеремиќ минатите месеци се соочи со големи лични и професионални предизвици. Загубата на татко ѝ, крајот на љубовната врска со бизнисменот Драган Станковиќ и бројни тешкотии ја тестираа, но таа не се предаде.
Сега, Јована реши да остави сè лошо зад себе и да го прослави својот 35. роденден со „малиот круг големи луѓе“.
24.10. ќе го дочекам мојот судбински роденден. Благодарна сум на сите што беа со мене во најтешките моменти,“ напиша таа.
Поврзани објави
Таа исто така откри дека ги исфрлила сите лажни пријатели од својот живот и дури од социјалните мрежи.
Нема повеќе да можат ни да ми кажат добар ден. Не се достојни. Секому по заслуга!“ додаде Јована.
Со нејзината енергија и креативност, не постои сомнеж дека прославата ќе биде незаборавна и вистински момент на радост и нов почеток за водителката.
Instagram printscreen/jeremic