На 14 март 2026 година, Дорис Драговиќ и Петар Грашо за првпат ќе одржат заеднички концерт во Скопје, во арената „Борис Трајковски“, носејќи спектакл кој ќе биде симбол на љубов, емоција и чиста музичка магија.
Две музички легенди, две различни генерации, една сцена и една вечер што ќе влезе во историјата.
Дорис Драговиќ, дамата која веќе со децении владее со својата моќна интерпретација, ќе го врати сјајот на најубавите балади кои се врежани во колективната меморија на целиот регион. Од другата страна, со истата сила и страст, на сцената ќе застане Петар Грашо, миленикот на публиката и човекот кој со секоја песна создава нови химни за современата генерација. Нивниот заеднички концерт ќе биде спој на искуство и свежина, на вечни класици и модерни хитови.
Тоа ќе биде ноќ во која публиката ќе патува низ времето, од балканската естрадна ера која ја бележеше Дорис, до денешните хитови што го дефинираат звукот на новото време со Грашо. Една бина, два гласа, две различни музички епохи и еден град кој ќе биде сведок на концерт за паметење. Раскошната емоција на Дорис Драговиќ и неповторливата харизма на Петар Грашо, на 14 март ќе создадат вистинска музичка магија! Овој концерт е повеќе од календарски датум или уште еден настан.