Албанската министерка за здравство и социјална заштита, Албана Кочиу, соопшти дека во текот на три месеци, повеќе од 68,000 туристи добиле медицинска помош во 36-те сезонски здравствени пунктови.
Од 1 јуни до 31 август, споменатите 36 летни амбуланти беа активни од север кон југ, обезбедувајќи непрекината здравствена заштита за сите посетители, како домашни, така и странски.
Кочиу изјави дека 68,108 туристи биле прегледани од медицинските тимови составени од 223 доктори и медицински сестри, од кои 30 проценти биле странци, додавајќи: „благодарение на посветеноста на медицинскиот персонал, туристите уживаа во мирна и заштитена сезона“.
“Најголемиот проток на туристи кои добија услуга беше во здравствените амбуланти во Голем, Поградец, Драч, Мали и Робит, Ѓири и Лалзит.”
Министерката Кочиу истакна дека најчестите здравствени проблеми биле гастроентеритис, убоди и алергии, различни вирусни инфекции и артериска хипертензија.
Амбулантите, распоредени по должината на крајбрежјето и планинските туристички центри, започнаа со работа на 1 јуни и ќе бидат достапни до 30 септември.
Покрај амбулантите, Националниот ургентен центар обезбеди 20 стационарни пунктови за итна медицинска помош во најпосетените туристички региони.
вт/ми/ .
Извор: МИА