Познатата водителка одлучи да внесе необичен стил во својот дом, а секоја посета од мајсторите ѝ носи нови промени во животот.
Станот на Јована Јеремиќ во Белград стана вистинска атракција откако водителката започна радикални промени во ентериерот. Таа ангажирала мајстори за да го уредат просторот, а како што открива, секоја нивна посета не само што остава трага во домот, туку и во нејзиниот живот.
Јована на социјалните мрежи сподели видео од својот стан, каде емотивно откри дека еден од мајсторите, по име Михајло, има посебно место во нејзиното срце.
Мојот Михајло го градел овој стан и донесе големи животни промени. Не сме се виделе три години, а денес дојде. Сам. Да донесе промени“, напиша таа.
Ентериерот изобилува со впечатливи детали кои ја откриваат нејзината специфична естетика. На ѕидовите има бројни слики, а најмногу внимание привлекува голем ѕиден часовник со нејзиниот лик. Секој агол на просторијата носи ново изненадување и визуелна приказна.
Поврзани објави
Најголем впечаток сепак остава спалната соба, каде централно место има моќна фотографија на лав. Постелнината со тигар дизаин дополнително ја нагласува нејзината љубов кон животинските мотиви.
Станот на Јована станува огледало на нејзината енергија, страст и неконвенционален стил.
printskrin Youtube – pink.rs jeremic