Музичката ѕвезда откри дека кошаркар, 16 години помлад од неа, по нејзино признание – кукавички се повлекол и исчезнал од нејзиниот живот.
Музичката ѕвезда Јелена Карлеуша откри уште една бурна епизода од својот приватен живот – нејзината врска со кошаркарот Никола Јовановиќ завршила ненадејно и разочарувачки. Таа истакна дека по само едно нејзино јавно признание, младиот спортист одлучил да исчезне без трага.
Јовановиќ, кој кариерата ја започнал во младинските категории на Црвена звезда, подоцна заминал во САД каде играл за Универзитетот Јужна Калифорнија. Иако не стигнал до НБА, зад себе има богата меѓународна кариера, настапувајќи во Италија, Русија, Белгија и Франција. Но, и покрај спортските успеси, во приватниот живот, според Карлеуша, не издржал јавен притисок.
Поврзани објави
Во едно свое гостување, Карлеуша со многу симпатии зборуваше за Јовановиќ, нарекувајќи го „аватар“ и опишувајќи го како импресивна личност со која ужива во заедничките моменти. Сепак, набрзо по таа изјава, односот меѓу нив се прекинал.
Кога јавно кажав дека се гледаме, ми напиша дека не сака ‘сета моја омраза да премине врз него’. И од тогаш – ништо. Ни глас, ни порака. А ни јас нему. Додадов само уште едно разочарување на мојот долг список“, напиша Карлеуша на платформата Икс.
printskrin Youtube – PRAVO LICE ESTRADE KARLEUSA PINKOVE SZVEZDE