Денешниот ден е во знакот на учрниците и училиштето, а највозбудени се оние кои првпат го поминуваат школскиот праг и прават голема животна пресвртница. Низа јавни личности денес ќе ги испратат најмили со солзи, но и со гордост.
1 септември е, и низа познати личности денес ги испраќаат своите најмили во прво одделение, а пејачката Слаѓа Алегро откри за „Информер“ дека својата ќерка Мила, низ солзи, ја советувала да биде добар другар во училиште.
По повеќегодишна борба за потомство, пејачката Слаѓа Алегро во 2018 година ја доживеа најголемата животна желба – на 14 јуни ја роди ќерката Мила, која денес ќе седне во школската клупа.
Пролетаа седум години, навистина пролетаа, но благодарение на Бога во здравје и среќа. Мила порасна во добра девојка, весела, насмеана. Добар човек, мал, а голем, знае за ред, култура, знае да помогне, знае да сака. За еден родител тоа е повеќе од доволно за да биде горд. Во петок беше приемот во школо, се запозна со другарчињата, наставничката, и среќна што е во одделение со својата најдобра другарка Јана, се врати дома полна со впечатоци – изјави Слаѓа Алегро за „Информер“, а потоа додаде:
Јас, се разбира, со неколку солзи, го следев од страна примопредавањето на првачињата, и сфатив дека таа е голема девојка која не ме бараше со погледот. Сигурна во себе, седеше на школското столче, насмеана. Сите подготовки ги завршивме, купивме тетратки, книги, сè што е потребно, и сега лесен почеток. Од сè, имам само едно да ѝ кажам – да ѝ поминат деновите во школо безгрижно, да биде добар другар на секого и да учи за себе, а не за нас двајца.
Пејачот Никола Роквиќ денес го испраќа својот син Симеон во прво одделение, а гордата мајка, Бојана Баровиќ, убавите вести ги сподели на Инстаграм:
Уште еден почеток во 1. одделение и можеби сè е поинаку и познато, а со тоа и полесно, но емоциите се дефинитивно исти. Среќен почеток во школо, мое златно момченце, и за сите вас кои утре ќе стоите и ќе гледате како чекорат во ново животно поглавје… И да, ќе пуштиме некоја солза, онаа која носи гордост, радост, малку тага и најважно, верба дека ги пуштивме од сигурно пристаниште кон нови победи – напиша Бојана.
Поврзани објави
Пејачката Наташа Беквалац оваа година има два испраќања – постарата ќерка Хана Икодиновиќ заминува на студии во Шпанија, а помладата Катја Лазукиќ тргнува во прво одделение.
Беквалац ја дели истата дата на раѓање и со ријалити-учесничката Миљана Кулиќ, а оваа година ја делат и истата возбуда поради испраќањето на првачињата.
Жељко Кулиќ, син на Миљана и Иван Маринковиќ, е подготвен за прво одделение. Иван го исполни ветувањето и замина во Ниш за да биде со синот на овој, за него, голем ден.
И водителката Јована Јеремиќ ја подготви својата ќерка Леа за школо. И додека Леа возбудено започнува ново животно поглавје, Јована Јеремиќ не може да ги сокрие солзите затоа што нејзиниот татко не дочека да ја испрати внучката во прво одделение.
Време е за школо, тато – порача Јована Јеремиќ преку својот инстаграм-профил.
Фото: Printscreen Instagram