Летните горештини се вистинска закана за сите љубители на цвеќиња и градини. Билките брзо венеат, се сушат и тешко успеваат да ги преживеат високите температури. Но експертите открија едноставен трик кој може да ги спаси дури и најосетливите растенија – а решението се крие во една неочекувана намирница што сите ја имаме во кујната!
Според Вејн Делани, експерт за печурки од компанијата Monotub, токму обичните кујнски печурки можат да станат таен сојузник на секој градинар во борбата против сушата.
Печурките функционираат како природни сунѓери: го впиваат вишокот вода, а потоа постепено ја ослободуваат токму кога на растението му е најпотребна.
Кога ќе ги потопите печурките во водата и со таа течност ги полиете билките, влагата подолго останува во земјата и побавно испарува, дури и во најжешките делови од денот. На овој начин растенијата остануваат хидрирани, здрави и отпорни на стресот од високите температури.
Печурките се и природно ѓубриво
Оваа техника не е само корисна за одржување на влажноста — печурките се богати со корисни минерали како калиум, бакар, манган и калциум, кои директно го потпомагаат растот и здравјето на растенијата. За разлика од купечките ѓубрива, кои често може да предизвикаат оштетувања поради преголема концентрација, ова е нежно и природно решение.
Дополнителен бенефит: печурките содржат микроскопски нити наречени мицелиум, кои кога ќе стигнат во почвата, поттикнуваат развој на корисни габички, ја подобруваат структурата на земјата и нејзината способност да ја задржи водата.
Поврзани објави
Како да го примените овој трик?
-
Земете грст свежи печурки (какви било, од маркет).
-
Насечкајте ги и потопете ги во ладна вода од чешма.
-
Оставете ги да стојат 12 до 24 часа.
-
Со добиената течност полевајте ги билките.
Истите печурки може да ги користите до трипати, со повторно натопување. Потоа, наместо да ги фрлите, едноставно ставете ги во компост, каде што ќе продолжат да ја хранат земјата, но овој пат како природно ѓубриво.
Испробајте го овој евтин, природен и ефикасен трик и спасете ги своите билки од летната суша!
Текст: Убавина и здравје
Фото: Pexels/Karolina Grabowska