Почетна ЕкономијаТалибанците наредија затворање нелегални салони за убавина, најавуваат апсења

Талибанците наредија затворање нелегални салони за убавина, најавуваат апсења

од nenad
1 минути читај за

Талибанците издадоа декрет со кој се заповеда затворање на неовластени козметички салони кои функционираат потајно низ цел Авганистан, и ги предупредуваат жените кои ги управуваат дека имаат еден месец да ги затворат или ќе бидат уапсени, пренесе денес Гардијан.

Талибанците официјално ги затворија сите салони за убавина во август 2023 година, кога беа затворени 12,000 такви салони, а 50,000 козметичарки останаа без работа, но нелегалните салони продолжија да работат низ целата држава.

Талибанците сега изјавија дека имаат намера да ги искоренат и уништат овие недозволени салони, а на општинските лидери и старешини низ целата земја им е наредено да ги идентификуваат скришните салони за разубавување и да ги пријават оние што ги водат во полицијата за „пороци и доблести“.

Откако талибанците ја презедоа власта во Авганистан во август 2021 година, на жените им е забрането да работат во повеќето видови платена работа, а на девојчињата им е забрането да одат во средно училиште или на универзитет.

Групите за човекови права проценуваат дека талибанците воспоставуваат систем на родов апартхејд и дека им забрануваат на жените да учествуваат во каков било вид јавен живот.

Покрај затворањето на салоните за убавина, фитнес центрите и другите јавни места, на жените во Авганистан исто така им е забрането да се шетаат во јавни паркови и да патуваат без машка придружба, мора целосно да се покријат кога излегуваат од дома и не им е дозволено да зборуваат во јавност.

сд/фото:ЕПА